Прибирањето на лични податоци од наша страна е исклучиво во согласност со законите за заштита на лични податоци.
Со користење на нашата онлајн продавница вие се согласувате со условите дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на Френкли онлајн продавницата. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не ја употребувајте нашата платформа.
Ние се обврзуваме дека со вашите податоци ке постапуваме во согласност со Законите за Заштита на Лични Податоци т.е. нема да ги продадеме, споделиме, и/или изнајмиме на трето лице во било каква форма, освен и исклучиво на трети лица (правни субјекти) со кои соработуваме поради потребите и вршењето на основните бизнис активности на вебсајтот.*
*види “УПОТРЕБА И СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ПОДАТОЦИ КОИ НЕ СЕ ОД ЛИЧЕН КАРАКТЕР” долу
Начини на кои Собираме Лични Податоци и Податоци кои не се од Личен Карактер
За „Личен Податок“ се смета секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Во нашата база од вас собираме два вида на податоци – лични податоци и податоци кои не се од личен карактер, и истите се собираат кога:
- Кога го користите нашиот вебсајт
- Кога ги отварате или одговарате на нашите е-меилови
- Кога вршите нарачка/плаќање на нашиот вебсајт
- Кога коментирате на вебсајот
- Кога ги посетувате нашите профили на социјалните мрежи преку нашата онлајн продавница
- Преку реклами
Собирање и Обработување на Лични Податоци
За „Обработување на Лични Податоци“ се смета секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување.
„Согласност на Субјектот на Лични Податоци“ е слободно и изречно дадена изјава на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели.
Кога ја користите нашата е-продавница, можеме да побараме од Вас од обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.
Со самото внесување на личните податоци Вие се согласувате за вршење на нивна обработка.
Собирање и Обработување на Податоци кои не се од Личен Карактер
За „Податоци кои не се од личен карактер“ се сметаат сите податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како Универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на Frankly.mk, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата е-продавница, типот на пребарувачот што го користите и Вашата IP адреса. Ние може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата интернет платформа преку употреба на електронски алатки како “Cookies”
Употреба и Споделување на Лични Податоци и Податоци кои не се од Личен Карактер
Френкли ги употребува Вашите податоци (од личен и не-личен карактер) за потребите на нашата е-продавница и тоа:
- За да Ви ја наплати и испорача Вашата нарачка
- За да комуницираме со Вас
- Да избегнеме потенцијален ризик од измама
- За да вршиме подобрување на корисничко искуство и кориснички интерфејс
- За да Ве информираме за одредени промени на е-продавницата
- За Маркетинг цели на Френкли
- За да ги вршиме нашите секојдневни бизнис активности од тип на анализа, администрација, заштита од злоуптреби
Френкли ги споделува Вашите Лични и Не-Лични Податоци со наши соработници – трети лица (правни субјекти) за потребите на нашата е-продавница и тоа:
- Со НЛБ Банка за да извршиме наплаќање
- Со Карго Експрес и/или друга компанија за испорака на производи поради испорака на нарачани производи
- Google Analytics за да анализираме и разбереме како нашите купувачи ја користат нашата е-продавница
- Останати соработници – правни лица клучни за вршење на основните бизнис активности на Френкли
Безбедност на Податоци
Нашата е-продавница користи SSL (Secure Socket Layer) сертификат за безбедност на вашите податоци на интернет.
Измена на Политика на Приватност
Френкли го задржува правото да ја измени оваа Политика за Приватност во секое време преку објавување на овие промени на нашиот вебсајт, исклучиво во согласност со Законите за Заштита на Лични Податоци. Доколку Вие продолжите да ја користите нашата е-продавница по објавената промена, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО И ГИ ПРИФАЌАТЕ ПРОМЕНИТЕ. Според што Ваша обврска е редовно да ја проверувате политиката на приватност за да бидете информирани со било какви промени.
