За Френкли

Тука сме за да ти помогнеме да бидеш најдобрата верзија на себе и да уживаш во сè што правиш.

Во Не-Толку Кратки Црти

Френкли е креативен бренд со прилично едноставна мисија – да инспирира позитивна промена и да поттикне и рашири радост на најразлични начини и во секакви времиња. Тоа го пресликуваме во сите производи што ги креираме или избираме, во изгледот и содржината на вебсајтот, во маркетинг стратегиите, или поедноставно – во се што работиме. 

Првиот производ на Френкли е новогодишна честитка – илустрација на неколку шарени куќарки и снег. За брзо време истата си доби цело друштво различни новогодишни честитки и од Ноември 2018 полека почна да се гради Френкли приказната. 

Официјално и гордо стануваме мал бизнис во септември 2020, за да конечно си добиеме и свое место во интернет универзумот како онлајн концепт продавница на 14 Април 2021. И додека нашиот асортиман на производи и услуги интензивно расне и се менува, фокусот ни останува на исто – ти во најдобро светло и радости.

Основано е во Куманово од Марија Петковска, и до тука доведено со многу љубов и уште побитно – со мнооооооогу помош од драги, драги луѓе за кои сигурно ќе слушнате и/или читате повеќе во наредни прилики.

Веруваме

Дека животот е убав и треба да се слави. Оптимизмот победува, на кратки и долги стази. Во големи сонови. Дека добрината е супер моќ. Смеење до бесвест е лек број 1, муабетење и седенки со блиски луѓе е одма после, а комбинација од двете е чиста магија. Дека што и да правиш треба да уживаш и се забавуваш. Дека Битлси беа во право – love is all we need. И конечно, Френкли верува во ТЕБЕ! Ти заслужуваш супер ствари. Ние сме тука да ти помогнеме да си ги добиеш!

Се Инспирираме

Од желбата да помогнеме на што повеќе луѓе да се чувствуваат добро, радосно и оптимистички. Од нови места и фаци. По малку од целиот претходен век. Прошетки низ град. Сончеви денови, плажи, дооолги, загреани летни ноќи со другарки и другари. Од музика што наежува. Од луѓе, познаници и странци. Снежни зимски денови. Филмови и серии. Кафе муабети. Љубов. Дизајн. Најбитно, од тебе.

Податоци за Компанијата

Назив на фирма: ДТПУ ФРЕНКЛИ ДООЕЛ увоз извоз Куманово
Адреса: Лесковачка 39, 1300 Куманово
Дејност: Специјализирани дизајнерски дејности
ЕМБС: 7447579
ЕДБ: 4017020540022
Жиро Сметка: 210074475900122