Месечен Поштенски Клуб

3 Products

Филтри
  • Месечен Поштенски Клуб - Декември „Радост и Топлина“ New
    400 ден

    Добредојде во мојот месечен поштенски клуб. Декемвриското писмо е последното за оваа година, па се надевам ке ти донесе (дополниителни) радост и топлина во претстојниот студен, празничен период. Во него ке има:

    1. Честитка
    2. Мала Декоративна картичка за Подарок (gift tag)
    3. Дизајнирана страница за најважните моменти и благодарности за 2026
    4. Неколку стикерчиња
    5. Писмо од мене

    *во цената се вклучени и поштенските трошоци
    *избери Подигни од Френкли за да не платиш достава, а остави ги податоците за адресата за достава на писмото во делот Податоци за Наплата (или Забелешка за Нарачка)
    *пријавите се отворени до 30 боември (понеделник), а писмата ке бидат испратени на 02 декември (среда) преку македонска пошта
    *писмата пристигнуваат во најдобар случај за 3-4 дена, во најлош за 2+ недели

  • Месечен Поштенски Клуб - Ноември Мали Радости Нема на залиха
    400 ден

    Добредојде во мојот месечен поштенски клуб. Месец Ноември е мноооогу важен за мене зошто на крај на месецот Френкли полни 8 годинки, па писмово ке биде еден од начините со кои ке прославиме заедно 🙂 Во писмото има 8 различни хартиени производи со оригинални илустрации инспирирани од самите почетоци на Френкли и полни со симболика. Ѕвездата на писмово е римејк на првиот Френкли производ – честитка иснирирана од снежните зимски ноќи и мирот што го носат (кој се сеќава на првата честитка со куќичките и снежната ноќ нека крене рака :)). Со оглед на тоа дека Френкли се роди од љубовта кон креативното изразување и главно како хоби, со писмово сакам и да те иснпирирам да си дозволиш едно креативно опуштање во некое од ладниве, ноемвриски попладниња што ни идат, ти ветувам дека ке си поминеш супер. Уште подобро – нарачај ѝ писмо и на другарка ти и опуштете мозок заедно 🙂 Во писмото ке има:

    1. Честитка
    2. Арт Принт (15х20см)
    3. Дизајниран лист со есенско-зимски патерн за paper crafts
    4. 8 стикерчиња
    5. Листа за Белешки
    6. Направи сам/а – Кутивче во облик на Куќичка
    7. Cozy creative prompt – Нацртај во твој стил – тема и клучни зборови за инспирација
    8. Писмо од мене

    *во цената се вклучени и поштенските трошоци
    *избери Подигни од Френкли за да не платиш достава, а остави ги податоците за адресата за достава на писмото во делот Податоци за Наплата (или Забелешка за Нарачка)
    Пријавите се отворени до 01 ноември (недела), а писмата ке бидат испратени на 03 ноември

  • Месечен Поштенски Клуб - Октомври Get Cozy Нема на залиха
    400 ден

    Добредојде во мојот нов месечен поштенски клуб. За месец Октомври темата ми беше Get Cozy, а во писмото ке добиеш:
    – Арт Принт (15х20см)
    – Листа за Белешки
    – Лист со Илустрации за Боење
    – Неколку Стикерчиња
    – Писмо од мене

    *во цената се вклучени и поштенските трошоци
    *избери Подигни од Френкли за да не платиш достава, а остави ги податоците за адресата на која треба да се достави писмото во делот Податоци за Наплата (или Забелешка за Нарачка)