Разиграј и персонализирај го твојот подарок со декоративна картичка. Секоја картичка доаѓа со декоративна трака од +/- 30см (како на сликата).
Доколку имате желба траката да биде во друга боја, пишете нѝ во делот „Забелешка за Нарачка“ при нарачување, или на Инстаграм во директна порака за било какви промени.
Честиткава е инспирирана првенствено од и наменета главно за врски на далечина, или кога сте на кратко разделени поради пример семестар во странство, бизнис патување, корона, а недостигањето достигнува опасни пропорции.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари