Симпатично место за твоите ланчиња, прстени, шноли, и други женски дрангулии. Супер како подарок за најдобрата другарка, колешка од работа, асистентка на факултет за било која пригода…
За сите мали ќошиња што дефинитивно изгледаат празно, па и малце тажно, без нешто празнично на нив. Предлози – биро, масичката покрај кревет, полица за книги, тоалет, на маса за шминкање, бутик…
Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари