Уште една варијанта на помала елка која освен што е топ за помали простори и за посуптилните меѓу нас, одговара и ако сакаш да појачаш со празничниот вајб по дома (супер ке стои во кујна, до телевизор, во ходник, на скали, во канцеларија, слично).
Ако си љубител на скандинавскиот стил плус океј ти е малку розевко ваму и таму низ дома, тогаш дај и топол дом на скандинавската баба мразица. Уште подобро, спречи една врска на далечина да пропадне и однеси си го и скандинавскиот дедо мраз со вас.
Розе керамичката куќичка е од оние новогодишни украси кои слободно можеш да ги оставиш изложени и после празниците. Каде и да и најдеш место, куќарката ке го направи далеку посимпатично и топло.
Ако аутфитот на женката ирвас нешто кажува, тоа е дека чукнал часот за новогодишни забави со пијалоци, гласна музика, танцување… Па што ако све тоа мора да е дома, со не повеќе од 10тина луѓе… доброто расположение не смее да трпи! А за да дотераната девојка не се досадува сама во ќош кога вас ке ве удри третата пијачка, покани го и дечкото ирвас за празниците!
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари