За сите мали ќошиња што дефинитивно изгледаат празно, па и малце тажно, без нешто празнично на нив. Предлози – биро, масичката покрај кревет, полица за книги, тоалет, на маса за шминкање, бутик…
Декоративна кутија во облик на орев – твоето ново омилено парче декор, кое воедно ке биде скришно место за твоите омилени мали парчиња, или пак оние кои не изгледаат баш симпатично и сакаш да ги скриеш, а сепак да ти бидат при рака (ве гледаме полначи, батерии, клучеви, и слично).
Уште една варијанта на помала елка која освен што е топ за помали простори и за посуптилните меѓу нас, одговара и ако сакаш да појачаш со празничниот вајб по дома (супер ке стои во кујна, до телевизор, во ходник, на скали, во канцеларија, слично).
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари