Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Златниот ирвас не само што одлично се вклопува во новогодишните декорации, можеш да си го користиш низ целата година. Френкли предлози – најди му место негде на полицата за книги, на масичката до кревет, покрај телевизор…
Носталгична Френкли варијанта на добро познатата илустрација од олд тајмер со новогодишна елка. Супер честитка за сите кои јуреле со колава како младичи негде околу 80ти.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Ова мало, разиграно кутре има голем потенцијал да внесе позитивна енергија каде и да му најдеш место за празниците. Супер е и како подарок за личноста во твојот живот што обожава кутриња.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари