За сите утра со мирис на кафе и љубов во кои си дозволуваш да уживаш малце пополека, за женски муабети со другарки, за тивко, мирно време само за себе…
Select options
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Декоративната свеќа во облик на камен отсликува кул карактер и необичност и освен за свој кеф, супер е и како подарок за разни пригоди (роденден, вселување во нов дом, нова година, 8ми март) за посебните луѓе во твојот живот (омилента другарка, професорка, твојата бфф или бест фризерка форевр, другарка ти од пилатес, и слично).
Кога гори свеќата, нејзиниот неправилен облик не му дозволува на стопениот восок да се задржи во средина како кај обичните свеќи, туку го усмерува восокот да тече по свеќата, па за да си ги заштитите површините по дома, бидете сигурни да има некаква подлога под свеќата.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари