Кога веќе имаш изберено топ новогодишен подарок, комплетирај го со забавно пакување и спреми се за сериозно радосни реакции.
Избери ја обвивката со која сакаш да биде замотана кутијата од понудените патерни, а доколку имаш некаква желба за украсната трака, картичката за име и/или боја на конфети пиши ни во „Забелешка за Нарачка“ при нарачување.
Select options
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
За сите мали ќошиња што дефинитивно изгледаат празно, па и малце тажно, без нешто празнично на нив. Предлози – биро, масичката покрај кревет, полица за книги, тоалет, на маса за шминкање, бутик…
Оваа тотално-модерна поларна мечка на лизгалки е совршено откачен и впечатливо симпатичен детаљ кој ке ја разигра твојата елка со малку поларна магија и ке биде хит на секоја твоја празнична дружба. Супер и како подарок за сите твои омилени фанатици по празничната сезона.
* Уникатен, рачно изработен лампион/украс
* Бидејќи се изработуваат рачно, сите поларни мечки на лизгалки може по малку да варираат во големина
* Количините ке бидат надополнувани, но сепак ке бидат ограничени
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари