Уште една варијанта на помала елка која освен што е топ за помали простори и за посуптилните меѓу нас, одговара и ако сакаш да појачаш со празничниот вајб по дома (супер ке стои во кујна, до телевизор, во ходник, на скали, во канцеларија, слично).
Златниот ирвас не само што одлично се вклопува во новогодишните декорации, можеш да си го користиш низ целата година. Френкли предлози – најди му место негде на полицата за книги, на масичката до кревет, покрај телевизор…
Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари