Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
За твојата омилена личност со која одвај чекаш да се замоташ во кебе откако ке заврши бадниковото прејадување, криво магаре, парка, и се тоа. И за Мараја Кери.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Честиткава е инспирирана првенствено од и наменета главно за врски на далечина, или кога сте на кратко разделени поради пример семестар во странство, бизнис патување, корона, а недостигањето достигнува опасни пропорции.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари