Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Првата честитка на Френкли. Инспирирана од ноќите кога бевме деца и радосно ги гледавме првите срамежливи снегулки и се молевме до утре се, баш се да биде бело!
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари