Декоративната свеќа во облик на камен отсликува кул карактер и необичност и освен за свој кеф, супер е и како подарок за разни пригоди (роденден, вселување во нов дом, нова година, 8ми март) за посебните луѓе во твојот живот (омилента другарка, професорка, твојата бфф или бест фризерка форевр, другарка ти од пилатес, и слично).
Кога гори свеќата, нејзиниот неправилен облик не му дозволува на стопениот восок да се задржи во средина како кај обичните свеќи, туку го усмерува восокот да тече по свеќата, па за да си ги заштитите површините по дома, бидете сигурни да има некаква подлога под свеќата.
За радоста што ја носи чилањето по дома со некоја од омилените серии + личности. Уште подобро, искористи ја како честитка за нов стан/куќа и среќни почетоци.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари