Честиткава е инспирирана првенствено од и наменета главно за врски на далечина, или кога сте на кратко разделени поради пример семестар во странство, бизнис патување, корона, а недостигањето достигнува опасни пропорции.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Пицнат во впечатливо плишано одело, овој ирвас е спремен за освојувачка акција на твоите празнични забави по дома. Затоа не оставај го сам, дотеран за џабе, и однеси му ја дома и женката ирвас. Зарем не изгледаат спремни за снимање на спотот за Baby it’s Cold Outside?
Носталгична Френкли варијанта на добро познатата илустрација од олд тајмер со новогодишна елка. Супер честитка за сите кои јуреле со колава како младичи негде околу 80ти.
Честитката Ви стига спремна за подарување – имате празен простор внатре за да си напишете ваша порака и ја добивате заедно со бело плико.
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари