ВАЖНО! Поради зголемени набавни цени на потребните материјали за изработка на афирмациите, од 5ти Декември цената на сетот ке биде зголемена од 380 на 480 денари.
Basic сетот се состои од 7 картички со афирмации кои ќе ти помогнат да си ја обновиш и/или зацврстиш љубовта спрема себе, искрено да му поверуваш на животот дека е скроз на твоја страна, и да го започнеш најзабавното патување ever – кон твојата најдобра и најискрена верзија. И малку конфети за да ги прославиш сите твои мали и големи победи!
Афирмации за Правење Чуда – basic set
480 ден
Додатни информации
Димензии | 9 × 13 cm |
---|
Description
Опис и Упатство за Користење
Што се Афирмации?
Афирмации се сите потврдни реченици и мисли со кои заклучуваме дека нешто е точно. Ги користиме постојано, во секојдневни и несекојдневни разговори и размислувања, без разлика дали свесно или несвесно, и многу често без да знаеме дека со нив ние всушност ја креираме нашата реалност, нашите уверувања, нашите животи.
Во најголем дел афирмациите кои ги кажуваме или размислуваме се негативни и никако не нѝ служат, напротив – тие само ги мултиплицираат негативните чувства или искуства со кои се соочуваме, и ја намалуваат нашата вибрација. Размислете и одговорете си на себе – дали ви се случувале убави работи во моментите кога сте се чувствувале беспомошно, луто, разочарано, незадоволно?
„Цело време грешам нешто, преку глава ми е сѐ“
„Денов ми е катастрофа“
„Усмено сум тапа“
„Сите дечковци ме за*буваат“
„Нозете ми се криви за носење кратко“
„Каков баксуз сум значи!“
„Ич не си се свиѓам без шминка“
„Никој не ме разбира“
„Ич не сум креативна“
„Судијата не нѐ сака“
Негативното размислување многу често е тотално несвесно, непромислено, излегува од нас по автоматизам, и е последица на нашето воспитување и опкружување. Ова воопшто не значи дека треба да им замеруваме на блиските луѓе околу нас! – тие, како и ние, се однесувале и се однесуваат најдобро што знаат. Она што можеме ние да го направиме е првин да разбереме колку само некорисно е негативното размислување, па дури потоа да ги превземеме стварите во нашите раце и да го промениме тоа. Enter позитивни афирмации!
Упатство за Користење
Basic сетот со Афирмации за правење чуда се состои од 7 картички со 7 афирмации, наменети за една недела. За да го извадиш максимумот од картичките и особено од себе, биди конзистентна во нивното користење и дозволи си барем малку време за себе секој ден, онолку колку што ти дозволуваат обврските. З А С Л У Ж У В А Ш !
Избери една афирмација од сетот и фокусирај се на неа. Пред да почнат галамите на секојдневието и твоите мисли да напаѓаат, започни го денот и ти самата одреди како ке тече понатака. Можеш да ја прочиташ афирмацијата (неколку пати) и да се впуштиш во неколку-минутна медитација (again, колку ти дозволуваат обврските), да го слушаш своето тело како диши, и секогаш кога мозокот ке почне да те носи натака-навака, афирмацијата која ја избра нека ти го врати фокусот на неа.
Доколку медитацијата не е за тебе (сеуште), или пак можеш да си дозволиш уште повеќе време, напиши ја неколку пати во тетратка – сѐ што е убаво нека биде пишано! Во текот на денот, особено кога некоја негативна мисла ке ти залута, без осудување потсети се на избраната афирмација и повтори ја во себе неколку пати. Ако си во можност да се гледаш во огледало и да си ја кажеш сама на себе, уште подобро! Можеш на истата афирмација да ѝ се навраќаш и неколку денови, додека не ти стане реалност, или да поминуваш по една на ден, а најубаво е да го користиш сетот континуирано 21 ден за да постигнеш од далеку приметливи резултати!
Големи се шансите да ти бидне малку предизвик да им поверуваш на афирмациите, дури и да ти изгледа како да се лажеш себе, особено ако прв пат се сретнуваш со афирмации, а си навикната на негативно размислување. No judgement here – да не сме сите по малку негативни по природа, не би имало потреба да се убедуваме во себе си во спротивно. Но, биди истрајна и верувај нѝ – пра ве ње чу да !
*Идејата за афирмации доаѓа од неповторливата Луиз Хеј (Louise Hay) која се смета за мајка на позитивните афирмации. За сѐ што те интересира дополнително, слободно и безбедно искористи ги нејзините учења, аудиа, книги.
Нејзината веб-страна – https://www.louisehay.com/
*Димензии на секоја картичка: 9см џ 13 см
*Димензии на Кутија: 11,2см џ 15,2 см
Оценки и коментари
Сѐ уште нема коментари